Линкови за пристапност

Бајден му понуди на Путин средба во трета земја


Повик за намалување на напнатоста на руско-украинската граница

Американскиот претседател Џо Бајден понуди средба со рускиот претседател Владимир Путин во трета земја, додека истовремено ја предупреди Москва дека масивното распоредување руски војници и било каква агресија врз Украина ќе има последици.

Британската ТВ мрежа Скај Њуз прикажа снимки како руски војници се распоредуваат во областа Воронец, во близина на границата со Украина. Најголемото распоредување на трупи од нелегалното припојување на Крим во 2014-та од страна на Русија го вклучи алармот во Киев и на Западот, вклучувајќи го и американскиот претседател.

Претседателот ја истакна загриженоста за акутната закана од руското армиско распоредување за зголемување на агресијата на границата со Украина.
Псаки, портпаролка на Белата куќа


„Претседателот ја истакна загриженоста за акутната закана од руското армиско распоредување за зголемување на агресијата на границата со Украина, при што упати повик до Русија за де-ескалирање на напнатоста“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

По средбата со сојузниците во НАТО во Брисел, секретарот за одбрана Лојд Остин истакна дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина со материјална поддршка за одбрана на територијалниот интегритет и ја повика Русија да ги запре провокациите.

„Тимот за национална безбедност секогаш ќе му презентира на претседателот, разни опции, што ни се достапни“, изјави првиот човек на Пентагон.

Сепаратистите со поддршка на Русија војуваат со украинските сили во Источна Украина од 2014-та. Повеќе од 14.000 луѓе починаа во конфликтот.

Русија објави дека ќе испрати војници на нејзината западна граница за „воени вежби“, како одговор на заканите од НАТО.

И покрај ескалацијата, Бајден понуди да одржи Самит следните месеци со рускиот претседател Владимир Путин.

Експертот за Русија, Мајкл Кимаџ од Католичкиот универзитет, смета дека тоа е мудар потег.

„Тоа е сигнал за американската определба дека нема да прави никакви отстапки. САД не пристапуваат од позицијата на послаб играч, туку истовремено сакаат да разговараат и преговараат за предизвиците меѓу овие држави, рече Кимаџ.

Неколку американски законодавци изразија аларм дека Русија можеби е подготвена да изврши инвазија врз Украина.

Сенаторката Шахин
Сенаторката Шахин

„Треба да му нагласиме на Путин дека сме загрижени за неговите акции. Затоа, јас поддржувам санкции поради северниот нафтовод НОРД 2, кој што може да има драматично влијание врз Украина. Мислам дека треба да се обидеме и да го затвориме, по секоја цена“, изјави демократската сенаторка Џин Шахин.

Критичарите на нафтоводот НОРД 2 велат дека речиси е завршена поврзаноста меѓу Русија и Германија и претставува геополитички проект од Москва, што е закана по енергетската безбедност на Европа и на Украина.

Берлин гледа на нафтоводот од комерцијален интерес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG