Линкови за пристапност

Украина и Авганистан во фокусот на посетата на Блинкен на Брисел


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкенн, во Брисел се среќава со европските и со сојузниците од НАТО за низа прашања, вклучително и распоредувањето руски сили долж границата со Украина и коалициските операции во Авганистан.

Посетата доаѓа три недели откако Блинкен беше во Брисел на самит со неговите колеги од земјите членки на НАТО. Тој тогаш го истакна приоритетот на Соединетите Држави да се фокусираат на зајакнување на врските со сојузниците.

Соединетите Држави се посветени на обновата на сојузништвата
Ентони Блинкен, државен секретар на САД

„Мило ми е што се вратив во Брисел. Соединетите Држави се посветени на обновата на сојузништвата, особено со нашите сојузници во НАТО“, напиша Блинкен на Твиитер. „Ние остануваме непоколебливи во поддршката за НАТО како суштински форум за трансатлантската безбедност“ додаде тој.

Агендата на Блинкен вклучува разговори со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Неодамнешното движење на руската војска кон украинската погранична област предизвика загриженост во САД и на други места.

Блинкен вчера разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со ситуацијата и рече дека постои заеднички договор дека „Русија мора да стави крај на опасното воено распоредување и на тековната агресија по должината на украинската граница“.

Столтенберг изрази поддршка за Украина, откако се сретна со Кулеба, велејќи по што изјави дека „НАТО стои со Украина“.

Русија мора да престане со своите провокации
Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

„Значителното натрупување руски воени сили е неоправдано, необјаснето и длабоко загрижувачко“, рече Столтенберг. „Русија мора да стави крај на ова, да престане со своите провокации“ додаде тој.

Кулеба рече дека Украина „не сака војна“ и дека е „посветена на решавање на конфликтот со дипломатски и политички средства.“

Но, потенцирајќи ја поддршката од НАТО, Кулеба исто така рече: „Доколку Русија преземе каков било непромислен потег или започне нова спирала на насилство, тоа ќе чини скапо во секоја смисла.“

Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, пред средбите на Блинкен пред новинарите рече дека разговорите во НАТО за Украина ќе резултираат со повик Русија да покаже воздржаност од „ескалирачки активности“.

Заедно со Блинкен во Брисел е и американскиот државен секретар за одбрана, Лојд Остин.

Друга значајна тема на дискусија ќе биде ситуацијата во Авганистан на само неколку недели пред 1 мај, крајниот рок договорен меѓу администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Талибанците за повлекување на преостанатите 2.500 американски сили од земјата.

Рикер рече дека разговорите ќе бидат можност да се продолжат дискусиите за Авганистан започнати на министерскиот состанок минатиот месец.

Блинкен за време на разговорите во март рече дека Соединетите Држави сакаат да се консултираат со сојузниците на НАТО, притоа ветувајќи дека од Авганистан. „ќе заминат заедно“ кога ќе дојде време.

XS
SM
MD
LG