Линкови за пристапност

Претседателот Бајден се среќава со лидерите од бизнис заедниците за планот за вакцинација на вработените


Бајден синоќа најави дека Одделот за труд планира да воведе барања за вакцинирање врз компаниите и формите кои што вработуваат најмалку 100 луѓе.

Претседателот на САД Џо Бајден денеска се среќава со извршните лица од деловниот свет за да дискутира за плановите за вакцинација против Ковид-19 за вработените, во време кога има скок на ново заразените ширум нацијата меѓу невакцинираните Американци.


Бајден синоќа најави дека Одделот за труд планира да воведе барања за вакцинирање врз компаниите и формите кои што вработуваат најмалку 100 луѓе. Тој рече дека компаниите мора да бараат од работниците да бидат целосно вакцинирани или да обезбедат негативен тест, најмалку еднаш неделно.

Мапа со жаришта од Ковид-19 во светот
Мапа со жаришта од Ковид-19 во светот

Околу 100 милиони вработени ќе бидат опфатени со новите барања од федералната влада, објави претседателот.

Новите прописи за вакцинирање и тестирање се дел од пошироката кампања од администрацијата на Бајден за запирање на ширењето на варијантата Делта од Ковид-19. Овој сој на коронавирусот веќе предизвика зголемување на бројката смртни случаи, хоспитализации ширум САД.

Додека некои бизнис-групации изразија поддршка за новите барања од администацијата на Бајден за вакцинација и тестирања. Некои републикански законодавци се заканија дека ќе ја тужат владата, тврдејќи дека Бајден ги надминал овластувањата со функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG