Линкови за пристапност

Северна Македонија: стартуваше новата учебна година повторно во услови на Ковид-19 пандемија


Северна Македонија: Стартуваше новата учебна година - кои се предизвиците?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Северна Македонија: Стартуваше новата учебна година - кои се предизвиците?

Училниците се наполнија – децата се со задолжителни маски и се внимава на одржување дистанцата меѓу нив, се со цел да се избегне можноста за ширење на вирусот.

Училиштата во земјата ги отворија вратите – стартуваше новата учебна година за основците и средношколците - повторно во услови на ковид-19 пандемија. Разликата е што оваа година предвидено е физичко присуство за сите ученици, за што, како што уверуваат надлежните, системот е подготвен.

„Образовниот систем е целосно подготвен за тоа. Изминатиот период интензивно се подготвувавме, ги следевме препораките на надлежните здравствени институции, но и на светските организации како СЗО и УНИЦЕФ, изработивме протоколи за работа и ги преземавме сите други безбедносни мерки од здравствен аспект за да можат училиштата повторно да работат со физичко присуство на ученици и наставници.“, изјави Мила Царовска, министерка за образование.

Училниците се наполнија – децата се со задолжителни маски и се внимава на одржување дистанцата меѓу нив, се со цел да се избегне можноста за ширење на вирусот. Според премиерот, и покрај пандемијата, нема подобра опција од настава со физичко присуство.

“Сакам да им се заблагодарам на сите наставници, а секако и на родителите, кои се справија со предизвиците на онлајн наставата и не дозволија децата да изгубат од образованието. Сега е време да го надополниме, сето она што не можевме да го развиваме во рестриктивните мерки. Од наставата со физичко присуство нема подобра опција, тоа го тврдат наставниците, учениците…“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Опозицијата тврди дека образовниот процес е во хаос, а вината ја гледа кај министерката и владата. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска.

„Кристално е јасно дека Мила Царовска и оваа Влада успеаја да го направат невозможното и со својата неодговорност и незаинтересираност доведоа на прагот на тоталното уништување еден образовен систем кој функционира повеќе од 70 години. Лошиот менаџмент со образовниот систем доведе до сериозни последици врз цели генерации ученици.“, коментираше Иванка Василевска, ВМРО-ДПМНЕ.

На првиот училишен ден во земјава, УНИЦЕФ порача дека „повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование кое ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините кои ќе му бидат потребни во животот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG