Линкови за пристапност

Европа се подготвува за Бајден


Креаторите на политика од двете страни на Атлантикот сега очекуваат период на средување на заладените односи. Се очекува постигнување брзи договори за разни прашања, и поблиска соработка меѓу Вашингтон и Брисел, според аналитичарите.

Неколку денови пред инаугурацијата на Џо Бајден за 46-ти претседател на САД, европските сојузници се подготвуваат за новата администрација во Вашингтон. За европските лидери, враќањето на Бајден во Белата куќа, каде беше потпретседател пред четири години во мандатот на Барака Обама, и со оглед на намерите да назначи познати лица на клучни позиции од надворешната политика и безбедноста - е охрабрувачки.

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен

Бајден и неговиот транзиционен тим објавија дека ќе го именува Тони Блинкен за иден државен секретар, а на чело на ЦИА и на Советот за национална безбедност, ќе се најдат Џејк Саливен и Аманда Слоут, кој важат за познати имиња од другата страна на Атлантикот и кои веќе служеле во администрацијата на Обама.

Креаторите на политика од двете страни на Атлантикот сега очекуваат период на средување на заладените односи. Се очекува постигнување брзи договори за разни прашања, и поблиска соработка меѓу Вашингтон и Брисел, според аналитичарите.

Бајден веќе најави повторно зачленување во Парискиот договор за климатcки промени, по одлуката на Трамп за излез од овој договор. Вашингтон и Брисел веројатно брзо ќе почнат да преговараат за реформи во Светската трговска организација, според правилата на мултилатерално глобално управување, сметаат аналитичарите.

Минатиот месец, Европската комисија ги повика САД и ЕУ за блиска соработка со цел надминување на „билатералните трговски предизвици“.

„Во Брисел има надеж дека Бајден ќе ги укине трговските тарифи воведени од Трамп, за увоз на челик и алуминиум од ЕУ“, велат аналитичари. Тоа може да го отвори патот за постигнување договор за долгогодишниот спор за владините субвенции за авионските производители, Боинг и Ербас.

Европската комисија изрази надеж дека ќе се унапреди соработката со САД на полето на сузбивање на пандемијата, климатските промени, технологијата, безбедноста и одбраната. Ова листа ги истакнува очекувањата од Европа од новата администрација од Џо Бајден.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече – “ние сме подготвени да работиме со САД за заеднички Маршалов план за демократија“, алудирајќи на кампањата од САД во 1948-ма, за ре-изградба на 18 западно-европски држави погодени од Втората светска војна.

И Британија, исто така изрази надеж за затоплување на односите со САД со потегот дека четворица виши министри од Кабинетот во Лондон, ќе го посетат Вашингтон во следните неколку недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG