Линкови за пристапност

Берни Сандерс најави дека останува во претседателската трка


И покрај неуспешниот резултат на последните прелиминарни избори, сенаторот од Вермонт го предизвика Џо Бајден дека не ја стекнал довербата на младите гласачи

Демократскиот претседателски кандидат, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс се заложи да остане во претседателската трка по серијата порази на прелиминарните гласања во неколку сојузни држави во обраќањето до младите гласачи, при што ја навести претстојната дебата со поранешниот потпретседател Џо Бајден, планирана за викендов, пренесоа медиумите во САД, по првото јавно појавување на Сандерс во јавноста по синоќешните гласања.

„Синоќа, очигледно немавме добра ноќ за нашата кампања од аспект на усвојување на делегати“, изјави Сандерс, потенцирајќи го поразот во Мичиген, Мисисипи, Мисури и Ајдахо на прелиминарното гласање. Но, потоа ја истакна победата во Северна Дакота и ги потсети гласачите дека води во сојузната држава Вашингтон.

Откако призна дека се наоѓа во лоша позиција, математички, околу бројката на освоени делегати, до обезбедување партиска номинација, Сандерс предупреди дека неуспехот на Бајден да ја освои довербата на младите гласачи може лошо да се одрази врз гласањето во ноември, но и потоа.

„Денеска му порачувам на демократскиот естаблишмент, со цел да победи во иднина, треба да ја освои довербата на гласачите кои се иднината на нашата држава, и да се справи со прашања коишто се најголем предизвик за нивната генерација“ изјави Сандерс.

Од тимот на Берни Сандерс најавија дека засега сенаторот од Вермонт планира да остане во трката најмалку до дебатата в недела во Аризона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG