Линкови за пристапност

Продолжува насилното згаснување на протестите во Белорусија


“Изборната ноќ ја одбележаа нерегуларности и неприфатлива манифестација на насилство против мирољубивите демонстрантите“, се вели во соопштението од ЕУ.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко продолжува со згаснување на протестите против неговата власт во време кога илјадници излегоа по улиците, трета ноќ по ред по контроверзните избори во кои тој беше прогласен за победник и покрај обвинувањата за лажирање на гласањето и насилството од безбедносните сили.

Главниот ривал на Лукашенко на изборите, Светлана Тихановскаја...

https://www.youtube.com/watch?v=9DzisJ388Xs&feature=emb_logo

...најави дека заминала од државата и објави емотивно видео во кое објасни дека тоа го сторила поради загриженост по нејзиниот живот и безбедноста на семејството.

Министерот за надворешни работи на Литванија потврди дека ѝ понудил азил. Таа се наоѓа во оваа земја со децата уште од 9-ти август.

Изборите не ги следеа независни набљудувачи. “Изборната ноќ ја одбележаа нерегуларности и неприфатлива манифестација на насилство против мирољубивите демонстрантите“, се вели во соопштението од ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG