Линкови за пристапност

Лукашенко ги нарече демонстрантите овци контролирани од странски лидери


Вчерашната нова изборна победа на долгогодишниот белоруски претседател предизвика протести низ државата

Долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко прогласи победа на вчерашните избори, предизвикувајќи протести низ државата.

Изборната комисија денес соопшти дека по пребројување на резултатите, Лукашенко освоил 80,23 отсто од гласовите, додека противкандидатката Светлана Тиханоскаја освоила 9,9 отсто од гласовите.

Лукашенко, кој е на власт 26 години, рече дека демонстрантите ќе се соочат со тешки последици, опишувајќи ги како „овци“ кои се манипулирани од странски лидери.

Во меѓувреме, групите за човекови права изјавија дека едно лице е убиено, а десетици други повредени во полициска акција против демонстрантите. Неколку стотици, пак, биле уапсени.

Поддржувачите на опозицијата, кои веруваат дека резултатите биле манипулирани, планираат вечерва да се соберат на протести во Минск.

Тиханоскаја рече дека не ги признава резултатите.

“Ние веќе победивме, бидејќи го надминавме стравот“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG