Линкови за пристапност

Азиските држави усвојуваат стимулативни пакети за поддршка на економиите


Државите со помали буџети и помала успешност во правилно распоредување на помошта за компаниите, се покажале како помалку ефикасни, наведуваат аналитичарите.

Десетина азиски држави планираат да претстават економски стимулативни пакети за да им помогнат на компаниите коишто го загубиле бизнисот за време на пандемијата со КОВИД-19, но не се очекува сите да им помогнат на сопствениците да ги задржат вработените и да продолжат со работа по исчезнувањето на пандемијата.


Јапонските, сингапурските, јужнокорејските и тајванските напори се очекува да направат најголем придонес, зашто успешно ги менаџираат буџетите и распределуваат помош на фер начин. Стимулативните пакети во овие држави треба да покријат 40% до 50% од загубите на компаниите, вели Анвита Басу, шефица за истражување на Азија во Fitch Solutions, глобална инвестициона фирма.

Државите со помали буџети и помала успешност во правилно распоредување на помошта за компаниите, се покажале како помалку ефикасни, наведуваат аналитичарите. Тие потенцираат на Индија, Индонезија, Филипините и Виетнам, како држави со најголеми проблеми.

Сингапур

Сингапур со комбиниран стимулативен план од 37,5 милијарди долари ќе им помогне на големите компании и директно ќе испрати чекови жителите. Дел од парите ќе дојдат од резервите во Азискиот финансиски центар.

Сингапурските компании загубија многу пари поради забавувањето во туризмот и откажувањето на меѓународни конференциите за време на пандемијата со коронавирусот.

Јапонија, Јужна Кореја

Јужнокорејскиот претседател организира виртуелен состанок
Јужнокорејскиот претседател организира виртуелен состанок

Јужна Кореја го престави стимулативниот пакет од 9,8 милијарди долари на 5-ти март, со којшто треба да бидат потпомогнати помалите бизниси, само-вработените и извозниците. Извозниците, што го сочинуваат јадрото на јужнокорејската економија, се соочуваат со големи загуби во време кога има забавување или целосен застој на побарувачката од развиените земји.

Јапонскиот пакет помош во висина од 15,6 милијарди долари нуди попусти за туристички патувања и јадење по ресторани, со цел да се помогне на овој сектор. Дел од средствата ќе бидат насочени кон финансиските компании, за да им помогнат „издржат“, без да отпуштаат вработени.

Тајван


Иако Тајван речиси не е затворен за бизнис, и владата јави само за 267 случаи на КОВИД-19, сепак, усвои 1,98 милијарди долари стимулативен пакет за компаниите, но и за алокација на 8,77 милијарди за нови инфраструктурни проекти со кои ќе се помогнат локалните градежни претпријатија.

Владата во Таипеи исто така изрази подготвеност да купи 16,6 милијарди долари акции, ако берзата во земјата регистрира преголеми загуби. Берзата најмногу зависи од извозот за Кина и САД, каде коронавирусот најмногу ги погоди овие две економски супер-сили.

Индонезија и Индија

Во Индија - помош за најзагрозените
Во Индија - помош за најзагрозените

Индонезија е особена „ранлива“ поради кризата со коронавирусот, и оваа држава ќе издвои 725 милиони долари за помош на туризмот, авионските компании и хотели, и се согласи да ги намали даноците за одредени сектори.

Индија, која се наоѓа во национален карантин во следните три недели, има недостиг на план на национално ниво, предупредуваат економистите. Стимулативниот пакет од 22,5 милијарди долари главно е насочен кон испраќање пари во готовина кон семејствата со ниски примања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG