Белец од сојузната држава Масачусетс доби 14 години затоа што запалил претежно црнечка црква, револтиран од изборната победа на Барак Обама.
Според обвинителите, 27-годишниот Мајкл Џејкс заедно со други двајца заговорници на 5-ти ноември 2008-ма ја запалил Црквата на Бога во Христа Македонија во местото Спрингфилд, само неколку часа откако Обама победи на претседателските избори. Џејкс на судењето беше прогласен за виновен за подметнување на пожар и заговор против граѓанските права. Покрај заворската казна, Џејкс ќе мора да плати и отштета од 1,5 милион долари.
Едниот од двајцата заговорници веќе доби седум години затвор, додека на другиот ќе му биде изречена казната во јануари наредната година.