Линкови за пристапност

Американската економија, официјално, во рецесија


Некои економисти предвидуваат дека актуелната рецесија нема да трае долго со оглед во тек е фазно отворање на економијата и се очекуваат нови работни места.

Американската економија е во рецесија, објави економска истражувачка група.

Националното биро за економско истражување објави дека рецесијата почнала во февруари, и ја опиша состојбата како опаѓање на „економските активности кои траат повеќе од неколку месеци“.


Од оваа организација соопштија дека бруто домашниот производ на САД паднал на годишна стапка од 4,8% во првите три месеци, а невработеноста регистрирала скок од 3,5% во февруари, до 14, 7 % во април.


Некои економисти предвидуваат дека актуелната рецесија нема да трае долго со оглед во тек е фазно отворање на економијата и се очекуваат нови работни места.

Но, оптимизмот може да го засени евентуалниот втор бран на коронавирус. Ако тоа се случи, тогаш ќе бидат потребни повеќе од две години за да може американската економија да се врати на нивото пред Ковид-19.

И Светската банка излезе со предвидување дека глобалната економија ќе се намали на 5,2% годинава, што е најголема рецесија од крајот на Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG