Во САД има намалување на бројката за барања за компензација поради невработеност во време кога бизнисите полека почнаа да се отвораат, јави Одделот за труд.
Иако бројни барови, ресторани и продавници ги отворија вратите за муштериите, околу 2 милиони Американци поднесоа барања за бенефиции како невработени откако беа отпуштени од работа поради мерките врзани со коронавирусот.
Тоа е најмала бројка на барања за невработеност од средината на март, а севкупно, 42,5 милиони Американци користат помош за државата. И натаму една четвртина од работната сила во САД од 164 милиони луѓе е надвор од работа.
Стапката на невработеност во април беше 14,7%. Некои економисти предупредуваат дека таа заклучно со мај може да биде околу 20%.
Претседателот Трамп јавно не се произнесе за бројките за невработеност, но преку твит најави дека вистинското оправување ќе следи од септември и потенцираше дека берзата во моментов се врати на периодот пред почетокот на кризата со пандемијата.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1268358305170296833)
Facebook Forum