Линкови за пристапност

Проширена областа за потрага по авионот на Ер Азија


Се` уште се трага по црната кутија

Шефот на индонезиската национална агенција за потрага и спасување изјави дека е проширена областа каде се бараат остатоци од летот 8501 на Ер Азија, a продолжува и потрагата по црната кутија.

Хенри Бамбанг Соелистјо на прес-конференција кажа дека властите отвараат „втора приоритетна област“ во Јаванското Море.

Спасувачките екипи имаат проблеми да стасаат до она што се верува дека е опашката на авионот каде се верува дека се снимките за деталите на летот.

Вештаци од Австралија работат со индонезиските власти во идентификување на телата.

Од 162 лица на авионот, пронајдени се само 37 тела.

Во Џакарта, индонезиската влада суспендираше неколку официјални лица од цивилната авијацијата по откритието дека немал уредна дозвола за летање на денот кога паднал среде невремето.

XS
SM
MD
LG