Линкови за пристапност

12-то традиционално дарување крв на 19-годишнината од нападите на 11 септември


Крводарителска акција за сеќавање на 11-ти септември
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:37 0:00

Крводарителска акција за сеќавање на 11-ти септември

„Oваа година денот го посветуваме на медицинските сестри, за нивната служба во 2020 година“, изјави амбасадорката на САД во Скопје

Медицинските сестри се во фокусот на 12-тото традиционално дарување крв кое се одржува на 19-годишннината од нападите на 11 септември, 2001-ва. Во иницијативата, која ја организираат американската амбасада во Скопје и Црвениот крст, учествуваше и амбасадорката Брнз која донираше крв:

„Oваа година денот го посветуваме на медицинските сестри, за нивната служба во 2020 година. Медицинските сестри играат клучна улога не само во терористички напади, во воени и кризни подрачја, подрачја погодени од природни непогоди, туку пред се оваа година и во справувањето со пандемијата со Ковид-19. Тие прават многу повеќе од пружање на медицинска помош, тие се вклучени во сите институции и медицински установи, обезбедувајќи безбедни протоколи, образование и скрининг, помагаат во мониторинг и следење на текот на болеста“, изјави Кејт Брнз, Амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG