Линкови за пристапност

Влијанието од коронавирусот врз децата


Хјуман Рајтс Воч предупредува дека децата може да бидат најголеми жртви од пандемијата

Децата може да бидат најголеми жртви од пандемијата со КОВИД-19, и покрај фактот дека вирусот ги погодува најмногу постарите, според невладината група за човекови права.

Околу 1,5 милијарди деца не посетуваат настава ширум светот. Пандемијата има големо влијание врз младите, коишто стотици илјади остануваат сираци.

„Се повеќе деца ќе бидат без родители“.
Хјуман Рајтс Воч


„Се повеќе деца ќе бидат без родители“, изјави Џо Бекер од Хјуман Рајтс Воч.

„Родителите умираат од Ебола, од вирусот Хив во суб-Сахарска Африка, а кога децата остануваат сираци, лесно стануваат ранлива категорија на лица затечени во синџир со криумчарење, и други форми на експлоатирање“, вели Бекер.


Неодамнешниот извештај од Меѓународната организација за труд, предупреди дека 200 милиони луѓе може да ги загубат работните места поради пандемијата.

„Како што родителите ги губат работните места, особено во земјите во развој, честопати сме сведоци како се повеќе деца се принудени да работат за да им помогнат на семејствата во основните потреби“, посочува оваа организација.

Многу хуманитарни организации предупредуваат дека децата кои што живеат на улица имаат проблеми со храна и сместување поради пандемијата.

Во богатите држави, сиромашните деца го загубија ручекот во училиштата, кој честопати за многумина од нив е главен оброк во денот. „Тешко е“, вели 17-годишниот Рајлин Ривиера, кој е еден од долгата редица млади кои чекаат за бесплатен оброк пред средно училиште во Њујорк.

Во Русија, на пример, која се наоѓа под строги рестриктивни мерки, активистите алармираат за голем скок во домашното насилство. Бекер предупредува дека ваквиот тренд се повторува во многу држави.

„Како што расте загриженоста меѓу родителите за нивното здравје, за нивните финансии, работните места, и со оглед дека се 24 часа, 7 дена заедно, ризиците за насилство ескалираат, наведува Бекер.

Хјуман Рајтс Воч ги повика владите да ги стават децата во центарот на политиката за ублажување на последиците од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG