Американските здравствени претставници велат дека грозница, тресење, болка во мускулите, главоболка, болка во грлото и губење на чувството за мирис или вкус, можат исто така да бидат знаци за инфекција со коронавирус.
Американските Центри за контрола на болести и превенција претходно тврдеа дека покачена температура, тешкотии при дишењето и кашлање се можни симптоми на КОВИД-19.
Научниците велат дека симптомите може да се благи или изразени и дека некои луѓе имаат малку или никакви реакции. Проширувањето на листата на симптомите може да помогне повеќе лица да бидат тестирани, и како резултат на тоа да се утврди дали намалувањето на рестиктивните мерки ќе има влијание на повторно инфицирање додека државите почнуваат да ги отвараат бизнисите.
Претседателот немаше прес конференции за коронавирус преку викендот.
Научниците велат дека симптомите може да се благи или изразени и дека некои луѓе имаат малку или никакви реакции.
Повеќе од 980,000 случаи на КОВИД-19 до сега се потврдени во САД резултирајќи во повеќе од 55,000 починати. Некои држави, вклучувајќи ги Џорџија, Јужна Каролина и Оклахома, започнаа делумно отварање, а други планираат тоа да го сторат во блиска иднина.
Њујорк, државата најтешко погодена од коронавирусот, е под наредба за седење дома од 22-ри март. Извршната наредба треба да заврши на 15-ти мај, и гувернерот Ендру Куомо рече дека тогаш ќе се координира со соседните држави за постепено отворање на нивните економии.
Повеќе од 26.5 милиони Американци поднеле барања за надомест заради невработеност изминативе пет недели, според статистиката на Одделот за труд.
Во петокот претседателот Трамп потпиша закон за 484 милијарди долари за помош на малите бизниси и болници најпогодени од пандемијата на коронавирус.
Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин изрази увереност во неделата дека американската економија вистински ќе се поврати во третото тримесечје.
Facebook Forum