Линкови за пристапност

Фондацијата на Сорос заминува од Унгарија


Причина политичката репресија од владата на Орбан, најави милијардерот

Фондацијата на унгарскиот милијардер Џорџ Сорос најави дека ги затвора канцелариите во Будимпешта и се сели во Берлин како одговор, на како што го, нарече зголемен „репресивен политички и законски амбиент во Унгарија“.

Фондацијата „Отворено општество“ ги потенцира рестрикциите за невладините организации и кои се очекува да бидат меѓу првите законски приоритети на новиот состав во унгарскиот Парламент.

Владата на премиерот Виктор Урбан го поддржува таканаречениот закон „Стоп за Сорос“, кој вклучува зголемени даноци и забрана за невладините организации да се вклучат во имиграциони прашања. Владата во Будимпешта се повикува на загриженост по националната безбедност, а премиерот Орбан го обвини Сорис дека работи на поткопување на културниот идентитет на Европа преку активностите кои овозможуваат на голем број мигранти да се населат на Стариот континент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG