Линкови за пристапност

Нови жртви на Блискиот исток


На повидок нема прекин на огнот

Израелската офанзива за запирање на ракетирањето од милитантите од Газа влезе во шестиот ден. Палестински извори велат дека само денеска загинале најмалку 10 лица.

Од почетокот на воздушната кампања на Израел во средата, најмалку 87 Палестинци го загубија животот. Од палестински проектил, претходно, загинаа тројца израелски цивили.

Одбранбениот против-воздушен систем на Израел досега пресретнал 300 ракети од Палестинците од почетокот на офанзивата минатата недела.
XS
SM
MD
LG