Линкови за пристапност

Масовни студентски протести во Хонг Конг


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека претседателот Доналд Трамп планира да разговара со неговиот кинески колега Ши Џинпинг, за случувањата во кинеската област

Илјадници студенти облечени во црно протестираа низ Хонг Конг против контроверзниот закон за екстрадиција и побараа оставка од прокинеската лидерка на областа, Кери Лам.

Демонстрантите го запреа сообраќајот и го блокираа главниот автопат што води кон законодавниот комплекс, кој беше затворен по наредба од владата.

Учесниците побараа од властите на Хонг Конг да не ги сметаат за немири протестите што се случија на 12 јуни, да ги ослободат сите уапсени демонстранти, да ги тргнат обвиненијата против нив, како и да спроведат истрага за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата. Владата не даде директен одговор на овие барања.

Лидерката Лам во вторникот понуди извинување за политичката криза, но и апсења според законските процедури.

Протестите во Хонг Конг се најголем предизвик за кинескиот претседател Ши Џинпинг откако стапи на функција во 2012 година. Кинеската влада го поддржа предлогот за екстрадиција и ги обвини владите од Западот за организирање на протестите.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека претседателот Доналд Трамп планира на Самитот на Г20 во Јапонија да разговара со Џинпинг, за случувањата во Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG