„Советот со нетрпение го очекува одржувањето на првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија што е можно поскоро, по одобрувањето на преговарачката рамка од страна на Советот“.
Ова стои во финалните заклучоци од целодневниот состанок во Брисел на Советот за општи работи на кој учествуваа министри и претставници од земјите членки на ЕУ.
Во заклучоците се нагласува и дека е неопходно Договорот со Бугарија за добрососедство и соработка, да се исполни со добра воља, по примерот на Договорот од Преспа.
Воедно во заклучоците се нагласува и дека е неопходно Договорот со Бугарија за добрососедство и соработка, да се исполни со добра воља, по примерот на Договорот од Преспа.
Понатаму во заклучоците се вели и дека „ЕУ дополнително ќе го зајакне и интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, вклучително и преку континуирана помош заснована на опиплив напредок во владеењето на правото и социо-економските реформи“.
Советот, како што се вели во Заклучоците, со нетрпение очекува имплементација на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, како и на Зелената агенда за Западен Балкан.
Со нетрпение ќе се очекува „одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, по одобрувањето на преговарачките рамки
„Со цел дополнително заживување и зајакнување на политичкиот дијалог со регионот, Советот го поздравува одржувањето на самитите ЕУ-Западен Балкан како редовни настани“, се вели во дел од документот.
Во дел од заклучоците се спомнува и Албанија, за која исто така се вели дека со нетрпение ќе се очекува „одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, по одобрувањето на преговарачките рамки“.