Линкови за пристапност

Извесно е дека Северна Македонија овој декември нема да напредува во процесот на евроинтеграции


Македонија и интеграциите во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Македонија и интеграциите во ЕУ

Добрососедството, очекувано е споменато во нацрт-заклучоците – земјите-членки „ја повторуваат важноста од постигнување опипливи резултати од билатералните договори, вклучувајќи го Преспанскиот и договорот со Бугарија“, е формулацијата која ќе влезе во заклучоците.

Бугарија, која тукушто доби нова влада, во Брисел, каде се одржува Советот за општи работи, потврди дека засега останува на својата позиција во однос на условите што Скопје треба да ги исполни за деблокада и одржување на првата Меѓувладина конференција. Европските министри ги вршат последните усогласувања околу текстот за земјава кој потоа треба биде потврден и на ниво на шефови на држави и влади.

Добрососедството, очекувано е споменато во нацрт-заклучоците – земјите-членки „ја повторуваат важноста од постигнување опипливи резултати им спроведување, во добра волја, на билатералните договори, вклучувајќи го Преспанскиот и договорот со Бугарија“, е формулацијата која ќе влезе во заклучоците.

Дел од европските министри во Брисел пратија порака до Софија.

„Ја охрабруваме Бугарија да ги реши билатералните прашања со Северна Македонија.“, изјави Тути Тупураинен, министерка за европски работи на Финска.

„Треба да продолжиме со пристапните преговори, треба да ги преземеме првите чекори во однос на Албанија и Македонија“, изјави Ева Марија Лиметс, министерка за надворешни работи на Естонија.

„Хрватска продолжува да биде силен поддржувач на кредибилната политика на проширување што значи дека на земјите-кандидатки, откако ќе ги испорачаат потребните реформи, треба да им се дозволи да напредуваат на патот на ЕУ-интеграцијата.“, изјави Андреја Метелко – Згомбиќ, државна секретарка за европско работи на Хрватска.

Новата влада во Софија најавува поактивна позиција кон Скопје која, како што рече, премиерот Петков, ќе биде надградена и конструктивна која од јануари ќе почне да се реализира. За тоа како да се дојде до решение Петков зборувал и со премиерот Заев кој му се јавил да му честита на изборот.

Новиот бугарски премиер и македонскиот премиер во заминување „се согласиле да продолжат да работат на изнаоѓање прифатливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес и изразиле подготвеност да ја забрзаат комуникацијата и соработката низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG