Линкови за пристапност

Расте загриженоста за економијата, паѓа вредноста на акциите


Расте загриженоста за економијата, паѓа вредноста на акциите

Ситуацијата ја отсликува и рекордната цена на златото

Берзите во Азија и Европа втор ден по ред бележат големи загуби додеја истовремено расте загриженоста за европската криза со задолежноста и проблемите на американската економија.

Јапонскиот индекс Никеј на крајот на тргувањето загуби преку 2,5%, додека Коспи во Сеул падна за повеќе од 6%. Индексите во Хонг Конг, Сиднеј, Сингапур и Тајван опаднаа за преку 3%.

Главните европски индекси загубија најмалку2% на половина ден од денешниото тргување.

Ваквиот тренд уследи по вчерашниот голем губиток на Вол Стрит. Индексите Доу Џонс, С&П и Насдак појдоа надолу од 4 до 5%. Инвеститорите за загрижени поради новите прогнози за помал економски растеж во САД од претходно предвиденото, растот на инфлацијата и невработеноста, како и неизвесноста што ја носи европската криза со задолженоста.

Нафтените цени паѓаат бидејќи инвеститорите очекуваат помалиот економски растеж негативно да се одрази на побарувачката и цените на енергенсите.

Уште еден пример дека на берзите владее стравување е рекордната цена на златото во кое по обичај се вложува во кризни времиња.

XS
SM
MD
LG