Линкови за пристапност

75 години Глас на Америка


Од Втората светска војна наваму, Глас на Америка прерасна во мултимедиумски меѓународен сервис со програма и содржина на 47 јазици

На 1-ви февруари 1942 година, нешто повеќе од седум недели откако САД официјално влегоа во Втората светска војна, 15-минутна радиопрограма во живо била емитувана во Германија преку мало студио во Њујорк.

Програмата била најавена со патриотската песна „Борбената химна на Републиката“, по што се слушнале зборовите на водителот Вилијам Харлан Хејл:

„Ви носиме Гласови од Америка. Денес, и отсега па натаму, ќе ви зборуваме за Америка и за војната. Вестите можат да бидат добри за нас, можат да бидат и лоши. Но, ние ќе ви ја кажеме вистината“.

Тоа било првото емитување, а 75 години подоцна, Гласот на Америка е лоциран во Вашингтон.

На крајот на војната, Гласот на Америка емитувал програма на 40 јазици, објавувајќи вести, коментари и музика.

Уште од тогаш, прераснал во мултимедиумски меѓународен сервис со програма и содржина на 47 јазици, емитувани на многу платформи, вклучувајќи радио, телевизија и мобилни телефони.

Со првата најава, водителот Хејл го поставил стандардот за индните програми.

И од 1976-та година, неговите зборови ја носат тежината за поглавјето на Глас на Америка, кој по закон се обврзува „постојано да служи како веродостоен и влијателен извор на информации“.

Уште повеќе, вестите на Глас на Америка мора да бидат „точни, објективни и сеопфатни“.

„Поминаа 75 години откако првпат почнавме да емитуваме објективни вести и информации низ целиот свет. Мислам дека она што го работиме сега е поважно од кога било. Денес емитуваме програма на 45 јазици низ целиот свет. И ги емитуваме на секој начин, што луѓето би можеле да посакаат да ги добиваат нивните вести и информации. Се` уште имаме радио, телевизија, објавуваме содржина за веб страницата и за мобилни телефони, и ако нови форми на комуникација бидат измислени ќе не` има и таму. Нашата мисија е навистина многу едноставна: произведуваме неутрални, објективни и независни вести и информации до луѓето кои немаат друг пристап до нив. И ја кажуваме американската приказна, а таа е богата и полна - од претприемништво во Силиконската долина до нашите одлични универзитети за медицина и медицинско усовршување. Тука е и приказната за дијаспората во Америка, за луѓето кои дошле тука од целиот свет. Јас ја почнав мојата новинарска кариера пред повеќе од 50 години, и денес овде во Глас на Америка се сеќавам на причината зошто станав новинар. Голема привилегија е да се работи овде со одлични луѓе кои ја кажуваат американската приказна и обезбедуваат неутрални вести и информации во целиот свет. Многу сум среќна што сум овде во Глас на Америка, кога ја прославува 75 годишнината од нејзиното постоење, и се чувствувам горда да ви поскам добредојде во наредните 75 години“, изјави директорката на Глас на Америка Аманда Бенет.

Денес, Глас на Америка емитува вести и друга програма преку 2.500 партнерски телевизии и радио станици низ целиот свет. Во исто време, обезбедува содржина за мобилните телефони и комуницира со публиката преку социјалните медиуми.

Од 2016-та година, неделно, 236 милиони луѓе од цел свет ги посетуваат сите платформи на Глас на Америка.

XS
SM
MD
LG