Линкови за пристапност

Во САД се одбележува Џунтинт


FILE: Julien James carries his son, Maison, 4, holding a Pan-African flag, to celebrate during a Juneteenth commemoration in Los Angeles on June 18, 2022.
FILE: Julien James carries his son, Maison, 4, holding a Pan-African flag, to celebrate during a Juneteenth commemoration in Los Angeles on June 18, 2022.

Во САД денеска се одбележува Џунтинт, празник по повод ослободувањето на робовите во 1865 година со Афроамериканско потекло.

Џунтинт, е најновиот федерален празник во САД. Неговото име „Juneteenth“ е дадено по денот на крајот на Граѓанската војна во САД и е комбинација од месецот јуни и датумот 19-ти. Некои робови биле веднаш ослободени, а за други и понатаму се криела информацијата дека завршила војната.

На 19 јуни 1865 година американски војници пристигнале на островскиот град Главстон, Тексас и ги информирале робовите дека се слободни, на два месеца по завршувањето на Граѓанската војна во САД.

Празникот има посебно значење за жителите на Главстон, во сојузната држава Тексас. Таму прославата за Џунтинт почна неколку дена порано со излети, паради и концерти, за промоција на културата на луѓето со Афроамериканско потекло.

Организаторот на настанот, Сем Колинс, вели дека уметничкото дело изведено директно на ѕид од 460 квадратни метри во центарот на Главсон му оддава почит на генералот Гордон Гренџер, неговите главно Афроамерикански војници и луѓето кои биле ослободени.

„Имаше само околу 1 200 луѓе под робство на островот, но по Џунтинт пораката се прошири на островот и тие, заедно со 250 000 робови во сојузната држава Тексас го кренаа гласот“, рече Колинс.

Џунтин има длабока емоционална конекција кај многу Афроамериканци, но некои белци, исто така даваат поддршка. Рони Хол од Бејтоун, Тексас е пример за тоа.

„Можеби започна само со Афроамериканците, но работата стана поголема. И јас, секако, го прославувам“, рече тој.

Во Главстон имаше повеќе луѓе од сите раси на плажите на островот за време на викендот кога се организираа настаните за Џунтинт, но некои од жителите и посетителите уживаа и во парадата која се одржа по повод Џунтинт.

Таван Парсонс е ветеран на американската армија, кој во Главстон дојде од Луизијана заради прославата на Џунтинт.

„Важно е да се потсетиме што се случило, но да не дозволиме да бидеме дефинирани по минатото. Искористете го ова не само за прославата за слободата што ја постигнаа луѓето во Главсто, туку и да се потсетиме прославите слободата што ја постигнаа луѓето овде во Галвстон, туку да се потсетиме и радуваме на континуираната слобода“, рече Парсонс.

Тој е загрижен за обидите на некои политичари да ги скријат аспектите на историјата што ги сметаат за вознемирувачки, вклучително и ропството.

Организаторот на настанот по повод Џунтинт, Колинс, вели дека знаењето за историските настани како што е Џунтинт може да ја намали политичката поларизација и да и помогне на државата.

„Ние сме одговорни да ја кажуваме вистината и вистинската историја во тие приказни, бидејќи тоа е единствениот начин, да ја кажеме вистината“, вели Колинс.

XS
SM
MD
LG