Линкови за пристапност

Џунтинт - Ден на Афроамериканците во САД


Најновиот американски државен празник, Џунтинт, се слави од страна на Афроамериканците повеќе од 150 години.

Денот го одбележува крајот на ропството во САД.

За прв пат беше прославен на 19-ти јуни 1866-та година.

Една година претходно на тој датум, поробените Афроамериканци во Галвстон, Тексас, дознаа за нивната слобода и дека Граѓанската војна во САД завршила два месеци порано.

Тоа известување дошло повеќе од 2 и пол години откако претседателот Абрахам Линколн ја издаде Прокламацијата за еманципација.

Од 1866-та година, денот се слави секоја година во Галвстон, при што свеченостите се проширија и во другите градови низ целата земја.

Празникот го добил своето име со комбинирање на месецот јуни и бројот 19. Датумот е познат и како Ден на јубилејот, Ден на еманципацијата и Ден на слободата.

Се одбележува со семејни собири, паради и фестивали.

Во 1980-тата година, Тексас стана првата држава што го одреди Џунтинт за празник. Оттогаш, сојузните држави во САД официјално го признаа како државен празник или како ден на одбележување.

Националниот интерес за тој ден се зголеми по националните протести во 2020-та година поради смртта на Џорџ Флојд.

Во 2021-ва година, Џунтинт стана 11-ти државен празник во САД, признат од Конгресот и потпишан во закон од страна на претседателот Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG