Линкови за пристапност

Во пораката за Божиќ, папата ја осуди „ужасната жетва“ на цивилни жртви во Газа


Во своето божиќно обраќање, папата, исто така, го нарече нападот на 7 октомври врз Израел од страна на милитантите на Хамас „одвратен“ и повторно апелираше за ослободување на околу 100 заложници кои сè уште се држат во Газа
Во своето божиќно обраќање, папата, исто така, го нарече нападот на 7 октомври врз Израел од страна на милитантите на Хамас „одвратен“ и повторно апелираше за ослободување на околу 100 заложници кои сè уште се држат во Газа

Папата Фрањо во својата божиќна порака денес рече дека децата што умираат во војни, вклучително и во Газа, се „малите Исуси на денешницата“ и дека израелските напади таму жнеат „ужасна жетва“ на невини цивили.

Во своето божиќно обраќање, папата, исто така, го нарече нападот на 7 октомври врз Израел од страна на милитантите на Хамас „одвратен“ и повторно апелираше за ослободување на околу 100 заложници кои сè уште се држат во Газа.

„Нашите срца се во Витлеем“.

Папата повика на прекин на конфликтите - политички, социјални или воени, во места како Украина, Сирија, Јемен, Либан, Ерменија и Азербејџан, и ги бранеше правата на мигранти ширум светот.

Тој посвети особено внимание на Светата земја, вклучително и Газа, каде што, според палестинските здравствени власти, во израелските воздушни напади загинаа најмалку 78 луѓе во една од најсмртоносните ноќи на опколената енклава од 11-неделната битка на Израел со Хамас.

„Нека дојде [мирот] во Израел и Палестина, каде војната ги уништува животите на тие народи. Ги прифаќам сите нив, особено христијанските заедници во Газа и целата Света земја“, рече папата.

Тој рече дека неговото „срце жали за жртвите од гнасниот напад од 7 октомври“ и повторно повика на ослободување на заложниците.

„Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со отворање на обезбедувањето хуманитарна помош“, рече тој.

XS
SM
MD
LG