Линкови за пристапност

За ВМРО-ДПМНЕ, снимките се монтирани и неавтентични


ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ има цел да го сруши угледот на државата, да ја преземе власта без поддршка од граѓаните, а на своите наредбодавачи да им помогне да ја урне Македонија на коленици пред барањата и уцените на тие странски центри кои воопшто не и мислат добро на Македонија“
ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ има цел да го сруши угледот на државата, да ја преземе власта без поддршка од граѓаните, а на своите наредбодавачи да им помогне да ја урне Македонија на коленици пред барањата и уцените на тие странски центри кои воопшто не и мислат добро на Македонија“

Реагираше и министерката за култура Канческа - Милевска

„СДСМ има цел да го сруши угледот на државата, да ја преземе власта без поддршка од граѓаните, а на своите наредбодавачи да им помогне да ја урне Македонија на коленици пред барањата и уцените на тие странски центри кои воопшто не и мислат добро на Македонија“, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, испратено по осмата „бомба“ на опозицијата на денешната трибина во скопската Универзална сала.

Според ВМРО-ДПМНЕ, емитуваните разговори се креирани, монтирани, сечени, лепени и без никаква автентичност, а СДСМ и нејзиниот водач Зоран Заев сакаат да ја држат целата држава под уцена, како и дека СДСМ не е ништо повеќе од прислужник во сценарио за дестабилизирање на Македонија.

„Апелираме до нив да продолжат со вакви естрадни и квази-фестивалски настани, а ние ќе продолжиме да си ја работиме нашата работа, да привлекуваме инвеститори за да отвораат фабрики во нашата држава, да градиме патишта, да реконструираме болници и училишта, да продолжиме со зголемување на плати, пензии и социјални трансфери, да помагаме на земјоделците, да набавуваме автобуси и нови возови, да градиме булевари, ќе продолжиме да работиме“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „за СДСМ нема дно, ќе продолжат да тонат. Вечерва направија грда политичка лакрдија, а со тоа не разбраа дека всушност, само си го покажаа своето лице. Со подли, извртени и болни воведи и коментари на некој чуден водител, сакаат да креираат лажни емоции. Мислат дека луѓето нема да ги разберат нивните извртени умови и болна желба за власт“.

Партијата на власт соопшти и дека нема да дозволи Заев да си поигрува со иднината, стабилноста, со економскиот развој и со перспективите на Македонија.

Медиумите ја преенсоа и реакцијата на министерката за култура, Елизабета Канчевка - Милевска, која на својот Фејсбук профил реагирала на една од снимките, за како што тврди СДСМ, разговорот со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Наводно, семејството на загинатиот пејач Тоше Проески не се изјаснувало за ВМРО-ДПМНЕ, па тој бара од неа да им се укине помошта од државата и да бидат избркани од работа

„Како жена, сопруга и мајка, и како искрен почитувач на делото на Тоше Проески сум згрозена и длабоко загрижена од обидот за политизација и валкање на неговото име и неговата фамилија“, го пренесоа медиумите пишувањето на министерката. „Јас, и како човек, и како министер, во многу наврати, со конкретни дела и постапки имам демонстрирано исклучителна висока почит и конкретна поддршка за семејството на Тоше Проески, без притоа да се обидувам да градам политички поени како што тоа го прави СДСМ денес, плукајќи и сеејќи омраза. Тоше тоа не го заслужува. Тој сите нас не научи на многу повеќе од тоа“.

XS
SM
MD
LG