Линкови за пристапност

Конгресот ја испитува процедурата за добивање американска виза


Конгресот ја испитува процедурата за добивање американска виза
Конгресот ја испитува процедурата за добивање американска виза

Секој што се обидува да ги посети САД како студент, бизнисмен или турист знае дека добивањето виза може да трае со недели или месеци, и инволвира неколку посети на американска амбасада или конзулат. Американски претставници велат дека се свесни за потребата да се подобрат услугите за добивање виза за посетителите, и дека прават координирани напори во тој правец. Ова беше предмет на распит на Капитол хил.

Во време на слаб економски растеж и фискално стегање на ременот, демократскиот сенатор Еми Клобукар од Минесота вели дека Америка не може да си дозволи туристите и другите странски посетители да ги зема здраво за готово.

„Се работи за работни места. Секој странски посетител на нашата земја троши во просек 4.000 долари. Зборуваме за сериозни пари. Само во 2009-та, трошењето на посетителите од странство поддржа околу 900.000 американски работни места, и исплати 23 милијарди долари на американските работници.

Клобукар претседава со сенатската Поткомисија за компетитивност во трговијата, иновација и промоција на извозот. Таа вели дека од 2000 до 2009, американскиот дел на глобалниот туризам паднал за речиси една третина, чинејќи ја државата стотици милијарди долари во загубена заработувачка и стотици илјади работни места.

Минатата година, претседателот Барак Обама го потпиша законот познат како Акт за промоција на патувањето, што воспоставува јавно-приватно партнерство за привлекување повеќе посетители во САД. Но тоа, вели таа, не може да се направи ако не се подобри процедурата за добивање виза:

„Не може многу успешно да се промовираат САД на странските патници кога тие патници не можат со месеци да добијат виза да ги посетат САД. Во неодамнешно истражување на јавното мислење, 73 проценти од испитаниците кажаа дека нема да ги посетат САД ако знаат дека ќе им требаат две-три месеци да добијат виза. За жал, во неколку држави, толку треба за да се добие виза“, вели таа.

Американски претставници на распитот зборуваа за напорите за подобрување на процедурата, и тие посочија дека во голем број земји, околу триесетина, се применува програма што елиминира потреба од виза за одредени видови на патување во САД.

Заменик помошникот секретар на Стејт департмент за визни услуги, Дејвид Данахју, вели дека овие напори помогнале да се пренасочи одлевањето на странски посетители на САД:

„Во 2010, 60 милиони меѓународни посетители влегле во САД, што е 17 проценти зголемување од 2006. Барањата за виза се зголемиле драматично во најбрзо растечките економии во светот. Од 2005, издавањето визи во Кина се удвоило, и за 50 проценти се зголемиле во Индија, за 52 проценти во Русија, за 24 проценти во Мексико, и над 50 проценти на Блискиот исток и во Северна Африка. Во Бразил издавањето на американски визи се зголемило за три пати“.

Но, Данахју додаде дека потребата од брзо процесирање на визи мора да биде балансирано со потребата на Америка да испита секого што сака да влезе во САД по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон во 2001.

Да се редуцира чекањето откако посетителите ќе пристигнат во САД, поранешната бушова администрација воспоставила „Модел порти за влез“. Според таа програма, дополнителни службеници на царината и заштита на границите биле распоредени на најфрекфентните меѓународни аеродроми. Местата за инспекција биле преуредени за да се направат попријатни, и воспоставени експрес-линии за лица кои треба да фатат друг поврзувачки лет.

XS
SM
MD
LG