Линкови за пристапност

Пристигна првата хуманитарна помош во Венецуела


Меѓународната федерација на црвен крст достави лекови и други медицински производи за помош на 650.000 лица

Првата хуманитарна помош денес стигна во Венецуела.

Авионот со помош од Меѓународната федерација на црвен крст пристигна во Каракас, откако минатиот месец постигна договор со Владата на претседателот Николас Мадуро да достави помош.

Помошта вклучува лекови и други медицински производи, изјави владино официјално лице за Француската новинска агенција.

Со хуманитарната помош се очекува да им се помогне на 650.000 лица во Венецуела.

Мадуро претходно одби помош од САД и од други држави, тврдејќи дека американската помош е обид за воена инвазија, и оти на народот не му е потребна помош од надвор.

Обединетите нации (ОН) изјавија дека една четвртина од граѓаните во Венецуела итно имаат потреба од храна и медицинска помош.

ОН, исто така, велат дека повеќе од 2.7 милиони Венецуелци ја напуштиле државата од 2015 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG