Ватикан соопшти дека папата Фрањо спиел добро во текот на ноќта и се одмарал во четвртокот во болница во Рим каде се лекува од пневмонија на белите дробови.
Ова уследи откако доцна во средата Ватикан пријави „благо подобрување“ на состојбата на 88-годишниот папа.
Ватикан не прецизираше дали се смета дека папата се` уште е во критична состојба.
Папата Фрањо беше примен во болница на 14 февруари. Престојот во болница е негов најдолг за време на неговиот мандат како папа.
Тој е склон кон инфекции на белите дробови откако му бил отстранет дел од белодробно крило кога бил млад.
Неговата болест ги натера католиците да се соберат во Ватикан, неговата родна Аргентина и други области во светот, за да се молат.
Фрањо е папа од 2013 година кога неговиот претходник, папата Бенедикт, поднесе оставка.
Некои информации во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес