Линкови за пристапност

ЕУ потпишала договор за 405 милијарди дози на германска потенцијална вакцина против Ковид


Претседателката на ЕК вели дека договорот со американската компанија Модерна е пред финализирање

Европската комисија, административната гранка на Европската унија, во понеделникот објави договор за купување 405 милијарди дози на потенцијална вакцина за коронавирус од германската биотехнолошка компанија CureVa.

Соопштението доаѓа само неколку дена откако официјални претставници на ЕУ објавија сличен договор со германската компанија BioNTech и американскиот фармацевтски гигант Pfizer за првични 300 милиони дози на кандидатот за вакцина што тие заеднички го произведоа, што, како што велат, се покажал 90% ефикасен против Ковид-19 во тестирањето во доцна фаза.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред новинарите изјави дека договорот со CureVac секако зависи од тоа нивната вакцина да се покаже безбедна и ефикасна.

Фон дер Лајен рече дека CureVac е петта компанија со која алијансата склучила договор за вакцини против Ковид-19. Таа рече дека веќе работат на договор со американската фармацевтска компанија Moderna, за шести договор. Во понеделникот, Moderna објави дека нивниот кандидат за вакцини се покажал над 90 проценти ефикасен.

Фон дер Лајен рече дека Европската комисија се надева дека наскоро ќе го финализира договорот со Moderna. Таа рече дека сите вакцини мора да бидат независно тестирани од Европската агенција за лекови ((EMA)) пред да бидат прифатени: „Во оваа фаза не знаеме која вакцина ќе биде безбедна и ефикасна ..... И затоа треба да имаме широко портфолио на вакцини засновани на повеќе различни технологии“.

Европските држави продолжуваат да бележат скок во случаи на заразреност со Ковид-19 и многу од нив повторно вовеле мерки на делумно затварање до крајот на месецот.

XS
SM
MD
LG