Линкови за пристапност

Уставните измени, без поддршка од опозицијата, влегуваат во собраниска процедура


Една година по почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, на техничко ниво скрининг-процесот е во полн замав, на политичко, процесот е заглавен зашто нема консензус меѓу власта и опозицијата за измените со кои и Бугарите ќе влезат во Уставот, услов за отворање на поглавјата.  
Една година по почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, на техничко ниво скрининг-процесот е во полн замав, на политичко, процесот е заглавен зашто нема консензус меѓу власта и опозицијата за измените со кои и Бугарите ќе влезат во Уставот, услов за отворање на поглавјата.  

Ваква беше атмосферата пред точно една година кога земјава, во Брисел, по речиси 17 години од добивањето на кандидатскиот статус, ги почна преговорите за членство во ЕУ.

Една година по почетокот на преговорите со ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:52 0:00

Една година подоцна ситуацијата е следна: на техничко ниво скрининг-процесот е во полн замав, на политичко, процесот е заглавен зашто нема консензус меѓу власта и опозицијата за измените со кои и Бугарите ќе влезат во Уставот, услов за отворање на преговарачките поглавја.

И покрај немањето поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, владата на вчерашната седница го усвои текстот на предлогот за пристапување кон измена и дополнување на Уставот. Иницијативата веќе е пратена во собранието, потврди денеска премиерот Ковачевски.

„Собранието, во согласност со своите процедури, прво ќе ја организира работата на уставната комисија, а потоа и на пленарна седница. Моите очекувања се дека ќе имаме плодна дискусија и дека ќе има надпартиски консензус за продолжување на евроинтеграциите на земјата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа е наведено и како објаснување во документот што владата го прати до Собранието - „Овој Предлог за измена и дополнување на Уставот, Владата го предлага поаѓајќи и од уставното начело дека граѓаните на Републиката морада ја негуваат одговорноста спрема сегашноста и иднината...“

Но, ВМРО-ДПМНЕ не мисли така. За најголемата опозициска партија текстот што владата го достави до Собранието не само што е неприфатлив, туку е и, како што вели Христијан Мицкоски, тотално неразумен.

„Ќе имаме координација како ВМРО-ДПМНЕ и на таа координација ќе го договориме нашиот став. Но она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е поврзан со овие уставни измени, уставни измени вакви какви што се под бугарски диктати на начин на кој што се доставуваат во парламентот не само што не се прифатливи, туку владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив туку можам да кажам дека е тотално неразумен, тотално неразумен и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Европската Унија и министри на влијателни земји членки, во изминатиот период токму во Скопје, јасно порачаа дека го поддржуваат процесот на уставни измени и дека тие мора да се случат за земјата да напредува во пристапувањето кон ЕУ. Тоа денеска го повтори и евроамбасадорот Гир зборувајќи за бенефитите што доаѓаат со напредокот кон Унијата и конечно, приемот во ЕУ.

„Ова се огромни можности за С Македонија кои зависта од тоа да продолжите да напредувате во реформите и да ги искористите сите можности за решително да напредувате на вашиот европски пат“, кажа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

Тоа е позицијата и на САД која ја повтори и заменик-помошникот државен секретар, Габриел Ескобар на дебатата за Западен Балкан во поткомитетот за надворешна политика на Конгресот. „За да ги продолжи своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија се обврза да донесе уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор. Исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори“, изјави Ескобар.

XS
SM
MD
LG