Линкови за пристапност

ЕУ уверува дека по уставните измени ќе нема нови барања од Бугарија


Европската министерска тројка која денеска беше во Скопје, претставувајќи ги Германија, Франција и Полска, повтори што земјите членки на Унијата очекуваат од Северна Македонија во наредниот период.
Европската министерска тројка која денеска беше во Скопје, претставувајќи ги Германија, Франција и Полска, повтори што земјите членки на Унијата очекуваат од Северна Македонија во наредниот период.

Исти силни пораки, но од нови гости. Европската министерска тројка која денеска беше во Скопје, претставувајќи ги Германија, Франција и Полска, повтори што земјите членки на Унијата очекуваат од Северна Македонија во наредниот период. Приоритет на листата е продолжување на пристапните преговори со успешно заокружување на процесот на уставни измени.

„Првата порака е дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ семејството, втората е дека одлуката сега која е во рацете на земјата, третата порака е дека потегот сега е потребен поради моментот кој постои во ЕУ. Ќе нема нови барања и условувања од Бугарија по завршување на уставните измени“, изјави државната секретарка задолжена за Европа на Франција, Лоренс Бун.

Германската министерка обраќањето го почна и го заврши на македонски јазик. Делот меѓу почетокот и крајот од настапот, Лирман го пополни со низа пораки, меѓу кои клучната – дека договорот постигнат со ЕУ минатата година е фер и дека подобар ќе нема.

„Нашата порака е јасна – ја потенцираме поддршката за С Македонија да стане членка на ЕУ. Сега, прозорецот за ЕУ проширување е ширум отворен за што треба одговорност и стратешко размислување. Ве поддржуваме да продолжите по реформскиот пат. Уставните измени ќе ја потврдат улогата на С Македонија како мултиетничка држава,а со тоа земјата ќе може да продолжи со пристапувањето. Силно ги повикувам сите политички субјекти да ги поддржат уставните измени, секое одлагање ќе биде на штета на граѓаните. Сега е време за одлуки, за одговорност“, рече министерката за Европа на Германија, Ана Лирман.

Тројката Лирман-Бун-Шинковски, својата посета на Скопје, го претставија како знак за поддршка која, во овој турбулентен геополитички период, како што рекоа, треба да се искористи.

„Нашата порака е јасна – сакаме да ја поддржиме С Македонија на патот кон ЕУ и да ја видиме како полноправна членка. Сега е на политичките структури да ги завршат уставните измени. Тоа треба да биде суверена одлука на земјата“, кажа министерот за Европа на Полска, Шимон Шинковски.

„Сега е моментот, нема време за чекање зашто шансата може да се пропушти“ – тоа министерската тројка ќе и го пренесе на опозицијата. Власта, се уште се надева на поддршка од другиот политички табор.

„Очекувам на сите политички партии приоритет да им биде да го продолжиме успехот од лани. Да ги усвоиме уставните измените, без никаква штета, да не се вратиме во чекалната, туку да одиме напред. Уставните зимени ќе бидат покажување на дело дека мислиме на интересите на граѓаните“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

За помалку од една недела во Скопје допатуваат дури 6 министри од земји членки на Унијата – денеска беа Лирман, Бун и Шинковски, а пред неколку дена беа и Шалнеберг, Липавски и Влаховски. Но, и покрај силното меѓународно лобирање, опозицијата, засега, не покажува знаци на предомислување.

XS
SM
MD
LG