Линкови за пристапност

САД со кампања против уличната банда МС-13


Целта е да се распарчи групата, чии членови потекнуваат од Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас

Одделот за правда на САД почна кампања за борба против уличната банда, позната под името МС-13, чии членови потекнуваат од трите држави Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас.

Со корени меѓу воени бегалци од Ел Салвадор во Лос Анџелес во 1980-те години, оваа група, позната и под шпанското име „Мара Салватруча“, стана една од најголемите и најнасилни банди во САД, со повеќе од 10.000 припадници.

Поголемиот дел од лидерството се наоѓа во Ел Салвадор, каде ги планира некои од најголемите убиства во САД, кои локалните обвинители не можат да ги разрешат

Кенет Бланко, помошник народен правобранител во Одделот за криминал, вели дека дел од кампањата на Одделот за правда е, во координација со властите во Централна Америка, да се соберат докази за обвиненија против членови на бандата во САД, како и да се таргетираат други уште пред да влезат во државата.

„Нашата цел е да се распарчи целата лидерска структура на МС -13, вклучително и оние членови кои се наоѓаат во странство “, изјави Бланко.

ФБИ отвори истрага против единици на групата во Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас, како и против локалните, кои се одговорни за криминални активности во САД.

Одделот за правда, пак, испраќа надлежни лица во странство, да се борат против бандите, картелите, финансиската корупција, јавната корупција, како и против други криминални активности.

Главниот правобранител на САД Џеф Сешнс ја нарече бандата „една од најстрашните закани за безбедноста на САД“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG