Линкови за пристапност

Цукерберг се сретна со претседателот Доналд Трамп


Посетата на Цукерберг имаше за цел да влијае на разговорите на Капитол Хил во врска со донесување закон за приватност на податоците

Главниот извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, се сретна со претседателот Доналд Трамп, како и со неколку законодавци кои што се критички настроени кон неговите деловни практики.

Синоќа во порака на Твитер, Трамп напиша дека имал добра средба со Цукерберг и објави фотографија од средбата во Овалната канцеларија. [[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1174836342552969217 ]]

Портпаролот на Фејсбук рече дека основачот на Фејсбук е во Вашингтон за да се сретне со законодавците и „да разговара за идната регулација на Интернетот“.

Цукерберг слушна повеќе од поплаки од некои од неговите најстроги критичари на Капитол Хил, вклучувајќи го и сенаторот Џош Хејли, републиканец од Мисури.

Хејли рече дека му рекол на Цукерберг да „докаже“ дека е сериозен во врска со приватноста на податоците и конкуренцијата. „Го предизвикаа тој да направи две работи за да покаже дека Фејсбук е сериозен во врска со пристрасноста, приватноста и конкуренцијата. 1) Продај ги WhatsApp и Инстаграм 2) Достави ги на независна, од трета страна ревизија на цензура. Тој рече не за двата предлози“, напиша Хејли во порака на Твитер по средбата [[https://twitter.com/HawleyMO/status/1174777452285038595 ]]

Посетата на Цукерберг имаше за цел да влијае на разговорите на Капитол Хил за донесување закон за приватност на податоците што ќе им овозможи на корисниците на технолошките гиганти како што се Фејсбук, Гугл, Амазон и Епл да го забранат користењето на нивните податоци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG