Потенцијални имигранти од преку 20 земји поднесоа тужба против Стејт департментот откако по грешка биле информирани дека биле избрани на лотаријата за иселеничка виза.
Тужителите се меѓу 22-те илјади лица кои порано годинава биле информирани дека се избрани во извлекувањето за иселеничка виза. Стејт департментот соопшти дека поради компјутерската грешка, сите финалисти биле избрани од пријавените во првите два дена од периодот на регистрација, наместо од вкупно 15-те милиони апликации.
Стејт департментот се извини за пропустот и најави повторување на извлекувањето. Но, адвокатите на тужителите велат дека американската влада го прекршила писмениот договор кога одлучила да го повтори изборот, аргументирајќи дека нивните клиенти веќе започнале да го планираат живеењето и работата во САД врз основа на информациите што ги добиле.
Конгресот ја воспостави лотаријата за добивање на иселеничка виза во 1994-та година со цел да го зголеми бројот на имигранти од земјите во развој и други земји со мал број на доселеници.
Во лотаријата се извлекуваат 90.000 финалисти кои потоа поднесуваат дополнителна документација за квалификуваноста. Од нив се избираат 50.000 лица кои ќе добијат иселеничка виза.