Линкови за пристапност

САД ветија 18 милиони долари за Виетнам


Помошта е за купување американски патролни чамци, како дел од зајакнувањето на армиската соработка

Американскиот секретар за одбрана Аштон Картер вети 18 милиони долари помош за Виетнам да купи патролни чамци произведени во САД со цел да ги подобри поморските одбранбени способности.

Картер е во посета на комунистичката земја со цел да ги зајакне армиските врски. Како дел од тие напори, тој и неговиот виетнамски колега во понеделник потпишаа „изјава за визија“ којшто треба да биде водич за проширувањето на билатералната соработка. Тоа вклучува и помош од САД за Виетнам да се подготви за учество во мировни мисии на ОН.

Во морнаричката база во Хаипхонг, Картер изврши увид на оштетен патролен чамец во кој удрил кинески брод минатата година, во спорните води во Јужното Кинеско Море.

На почетокот од 11-дневната турнеја по азиско-пацифичкиот регион, Картер повика да запрат прокламациите за територијална своина од сите земји во Јужното Кинеско Море. Тој рече дека САД се против милитаризација и создавање напнатост во регионот.

Виетнам е меѓу неколкуте држави коишто имаат проекти за изградба на вештачки острови во Јужното Кинеско Море. Кина има најголеми вакви проекти во тек, што создава регионални тензии заради загриженоста од милитаризација.

XS
SM
MD
LG