Линкови за пристапност

Речиси 900.000 работници во САД побарале бенефиции поради невработеност минатата недела


Повеќе од 10 милиони лица остануваат невработени низ државата, со стапка на невработеност од 6,8 проценти

Речиси 900.000 американски работници побарале бенефиции поради невработеност минатата недела, што претставува највисока бројка изминативе два месеца, соопшти Одделот за труд на САД.

Повеќе од 10 милиони работници остануваат невработени низ државата, со стапка на невработеност од 6,8 проценти.

Економистите велат дека оваа бројка може да се зголеми во наредените месеци.

Нешто повеќе од половина од 22 милиони работни места, пак, кои беа загубени за време на пандемијата, се обновени.

На помалку од три недели пред официјалниот изборен ден во САД, изгледите за нова федерална помош, која вклучува поддршка за невароботените, останува неизвесна.

Претседателот Доналд Трамп и демократските законодавци досега не успеаја да постигнат договор за нов пакет помош за справување со последиците од коронавирусот, иако преговорите продолжуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG