Линкови за пристапност

Тилерсон: САД и Турција ги делат истите цели во Сирија


Двете страни соопштија дека дискусијата не е завршена

Турција им предложила на САД повлекување на сириската курдска паравојска источно од реката Еуфрат во Сирија, како и заедничко стационирање на турски и американски сили во областа Манбиј.

Според турски официјален претставник, кој побарал да остане анонимен, за новинската агенција „Ројтерс“ рекол дека САД го разгледуваат предлогот, кој му бил даден на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, за време на неговата дводневна посета на Анкара.

Во меѓувреме, тој се сретна со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, на разговари за планот на Вашингтон да продолжи со помошта на курдските милитанти.

По заедничката прес-конференција, Тилерсон ја повика Анкара да „покаже воздржаност во операциите“, инсистирајќи дека Турција и САД „ги делат истите цели во Сирија“.

Тилерсон претходно се срена и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по што и двете страни соопштија дека дискусијата е продуктивна, но, оти не е завршена.

Турција минатиот месец почна со копнена и воздушна интервенција во сирискиот северозападен регион Африн, за да изврши притисок врз курдските борци да се повлечат јужно од границата.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, вчера во Брисел изјави дека САД и Турција имаат отворен дијалог околу разликите. Првиот човек на Пентагон имаше и билатерална средба со турскиот министер за одбрана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG