Од Стејт департментот соопштија дека САД „ќе преземат цврсти и соодветни мерки“ како одговор на нарушувањата во рамки на зоната за деескалација извршени од страна на сириската влада во југозападна Сирија.
Пактот за деескалација беше договорен минатата година од страна на САД, Јордан и Русија.
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нуерт рече дека пактот за деескалација и договорот за прекин на огнот биле „иницијативи“ на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „за деескалација на сирискиот конфликт, спасување на животи и создавање услови раселените лица безбедно и доброволно да се вратат во своите домови“.
„Воената офанзива од страна на сирискиот режим во зоната на прекин на огнот е во спротивност на овие иницијативи“, рече Нуерт.
Нуерт изјави дека САД „остануваат посветени на одржување на стабилноста во зоната на деескалација на југозапад и на прекинот на огнот што тоа го поткрепува.“
Зоната за деескалација се граничи со Јордан и Голанската висорамнина која е окупирана од Израел.
Ова е еден од преостанатите делови во државата кои се` уште не се под контрола на владата на Башар ал Асад.
Нуерт изјави дека „прекинот на огнот мора да се спроведува и почитува“ и ја повика Русија „како постојана членка на Советот за безбедност на ОН да го искористи своето дипломатско и воено влијание врз сириската влада со цел ставање крај на нападите и прекин на воените офанзиви.“
Facebook Forum