Далеку од очите на јавноста, Едвард Сноуден веќе четврти ден по ред престојува на московскиот аеродром, додека САД вршат притисок врз Русија да го испорача.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера потврди дека поранешниот работник под договор на американското разузнавање е во транзитната зона на Аеродромот Шереметјево, но кажа дека нема намера да го предаде на властите во Вашингтон.
Во изјавата дадена за време на посетата на Финска, Путин ги отфрли наводите дека Русија го крши законот во случајот како „бесмислици и глупости“. Тој кажа дека Русија нема договор со САД за екстрадиција.
САД го бараат Сноуден поради тоа што во медиумите обеледони две тајни програми на американската влада за следење на телефонски повици и Интернет-активност, а даде информации и за други разузнавачки операции. Па сепак, Путин наведува дека Сноуден не прекршил ниту еден закон во Русија, дека е слободен човек и дека колку побргу одлучи да замине за својата крајна дестинација, толку подобро.
Путин наведе и дека Сноуден никогаш нема соработувано со руските агенции за безбедност. Тој се надева дека аферата нема да се одрази на односите со Вашингтон.
Претходно во текот на вчерашниот ден, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД не се обидуваат да влезат во конфронтација со Рсија и повика на „смиреност и разумност“ во врска со случајот.