Линкови за пристапност

Сешнс: Слободата на говор во САД е нападната


Американскиот главен правобранител одржа говор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон

Главниот правобранител на САД, Џеф Сешнс се втурна во жешката дебата по прашање за слободата на говорот велејќи пред присутните на Универзитетот Џорџтаун дека на американските универзитети „слободата на говорот и мислата е нападната“.

„Американскиот универзитет некогаш беше центар на академската слобода - место на широка дебата, форум за натпревар на идеи – сега се претвори во ехо-комора за политичка коректност и хомогени мисли, засолниште за кревки ега“, рече Сешнс.

Забелешките на Сешнс доаѓаат време кога се води дебата на универзитетските кампуси за присуството на контроверзни говорници, што доведе до насилни протести. Загрижени за безбедноста, некои универзитети ги откажаа говорите, со тоа привлекувајќи критика од поддржувачите на слободата на говорот кои велат дека универзитетите се места кои не треба да бегаат од контроверзни дебати.

Сешнс цитираше неодамнешно истражување спроведено на 450 колеџи и универзитети кое покажа дека „40 отсто од нив се држат до правила за говор, со што значително се нарушува уставно заштитената слобода на говорот“.

Тој ги критикуваше универзитетите што одлучуваат „што е навредливо, а што е неприфатливо“ и за тоа дека не повикуваат контроверзни говорници.

„Универзитетот значи, да се трага по вистината, а не наметнување на вистината од владин цензор“, рече Сешнс.

Сешнс зборуваше во Центарот за Устав во Џорџтаун кој „нуди различни програми по уставно право и теорија“ со „посебен акцент на тоа како најдобро да се остане доследен на текстот на Уставот.

На настанот беа поканети само членови на универзитетот поврзани со центарот, што наведе еден незадоволен студент да сугерира дека академскиот центар преферирал публика која има симпатии кон Сешнс.

Студентите и членовите на факултетот соопштија дека ќе протестираат поради говорот на конзервативниот главен правобранител кој ги напаѓа либералните критичари на политиката на администрацијата на Трамп во врска со расните односи, граѓанските права и имиграцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG