Линкови за пристапност

САД: Нови санкции кон Венецуела и Куба, следна Никарагва


Белата куќа се закани дека ќе воведе санкции за Никарагва по објавувањето на нови рестрикции против Венецуела и Куба во четвртокот, нарекувајќи ги трите нации „тројка на тирани“.

Обраќајќи се во Мајами, советникот за национална безбедност Џон Болтон рече дека САД „нема повеќе да ги смирува диктаторите и деспотите во близина на нашиот брег во оваа хемисфера“.

Болтон ги споредил лидерите на овие три нации - Николас Мадуро на Венецуела, Раул Кастро на Куба и Даниел Ортега на Никарагва – со ликовите во комедијата The Three Stooges.

„Овие тирани се замислуваат дека се моќници, револуционери, икони. Во реалноста тие се кловновски жалосни фигури повеќе сродни на Лари, Карли и Мо“, рече Болтон.

Новите санкции против Венецуела се насочени кон пазарот на злато во земјата, забранувајќи им на граѓаните и компаниите од САД да тргуваат со злато со Венецуела.

САД го обвинија Мадуро за незаконски извоз на повеќе од дваесет милиони тони злато во Турција за да се избегнат претходните американски санкции.

Болтон ја обвини Куба за поддршка на владата на Мадуро во Венецуела, каде што неуспешната економија доведе до хиперинфлација, сериозен недостиг на основни стоки и целосен колапс на демократијата.

Тој рече дека САД додале уште дваесет кубански ентитети на листата на субјекти за кои е забранет бизнис со Американци.

Болтон, исто така, го предупреди Ортега за тоа што продолжил со насилни и смртоносно остри мерки против опозицијата.

САД веќе санкционираа неколку високи претставници на властите во Никарагва поради насилство и наводи за корупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG