Линкови за пристапност

Дали САД и Русија се во нова Студена војна?


Односите се на многу ниско ниво откако Москва го анексираше Крим, и аналитичарите се прашуваат дали е ова реприза на старото.

„Првата“ Студена војна траеше отприлика од крајот на Втората светска војна во 1945 до колапсот на Советскиот сојуз во 1991.

Чарлс Капчан од Универзитетот Џорџтаун, кажа дека Студената војна била ривалство меѓу западниот блок предводен од САД и источниот блок предводен од Советскиот сојуз.

„Тоа беше дефинирано со идеолошки натпревар, комунистички систем наспроти капиталистички, автократски систем наспроти демократски“, рече тој. „Дефиниран е и со традиционално геополитичко ривалство, за доминација во воениот индустриски сектор и над сателитите во светот во развој“.

Од распаѓањето на Советскиот сојуз, спомените за Студената војна избледеа. Но сега се зборува за нова Студена војна по анексијата на украинскиот полуостров Крим од страна а рускиот претседател Владимир Путин.

Обама вели „Не“ на Студената војна

За време на неодамнешен говор во Брисел, претседателот Барак Обама ја отфрли сугестијата дека започнува нова Студена војна:

„Ова не е друга Студена војна во која влегуваме. Ако ништо друго, Русија не води блок на нации и нема глобална идеологија“.

Претседателот исто така ја опиша Русија како регионална сила која се заканува на некои од нејзините непосредни соседи – што не произлегува од нејзината сила, туку од нејзината слабост“.

Чарлс Капчан се согласува, велејќи дека Русија не е тоа што беше.

„За време на Студената војна, Русија имаше милиони војници под оружје. Имаше морнарица од светска класа. Имаше држави кои гравитираат кон неа низ цел свет. Тоа не е Русија што ја имаме денес. Денешна Русија има 750 – 800.000 лица под оружје. Нејзината морнарица е сенка на тоа што беше порано“, кажа Капчан. „Има само неколку сојузници во светот, и тоа е причината што ова не е Студена војна – Русија го нема тоа што треба за такво нешто“.

Стручњаците велат двете страни се во Студена војна

Но, Роберт Легволд, од Универзитетот Колумбија, има поинакво гледање.

„Верувам дека сме веќе во Студена војна. Тоа не е став на многумина. Мислам дека најголем дел од луѓето не сакаат да мислат дека повторно би можеле да паднеме во нешто толку големо, комплицирано, опасно, особено со сенка на нуклеарен Армагедон како што беше во периодот пред 50 години“.

Легволд кажа дека некои главни карактеристики на односот на Советскиот сојуз со Запад од тој период се вистинити и за односот меѓу Русија и Западот денеска.

„Најважно е што нејасното чувство од изминатите 20 години на ЕУ и САД спрема Русија – дали е пријател или непријател, што во реципроцитет го имаше и Русија спрема нив – исчезна“, кажа тој.

Американско-руските односи на ниско ниво

Легволд кажа дека друг знак на Студената војна е што, официјални лица од Вашингтон и Москва очигледно се откажаа од идејата да работат кон фундаментално различен однос на соработка“.

Многу стручњаци веруваат дека искрено и трајно партнерство може единствено да биде постигнато со нови лидери во Вашингтон и во Москва.
XS
SM
MD
LG