САД тврдат дека Русија отвора артилериски оган преку границата со Украина и дела цели на украински армиски позиции што се борат против проруските сепаратисти.
„Имаме нови докази дека Русите планираат да достават потешки и помоќни повеќекратни ракетни лансери до сепаратистичките сили во Украина, како и докази дека Русија отвора артилериски оган од Русија, напаѓајќи ги украинските армиски позиции“, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот Мари Харф. На редовниот брифинг за новинарите таа кажа и дека информацијата се заснова на разузнавачки податоци, но не даде детали.
Русија цело време тврди дека не е вмешана во сепаратистичкото бунтовништво во источна Украина. САД и европските сојузници, пак, ја обвинуваат дека ги потпалува немирите со тоа што ги обучува бунтовниците.