Линкови за пристапност

На пат низ САД - со ролеркостери


Гласот на Америка летово посети неколку забавни паркови

МАСОН, Охајо - Поминаа повеќе од три децении, откако последен пат се соочив со „ѕверот“ (The Beast). Возбудата растеше, како се приближувавме кон забавниот парк.

Како останале спомените по сите овие години? Дали ролеркостерот познат како „ѕвер“ е се` уште толку моќен, особено ако се спореди со другите слични на него?

Мојата 14-годишна ќерка не беше особено импресионирана кога чекавме во редица за да го доживееме возењето што во 1979-та година, важеше за „најстрашно“ во целиот свет, кога и беше отворен овој ролеркостер.

Преку мобилен телефон, таа дозна дека сега има многу побрзи и повисоки ролеркостери од „ѕверот“, а веќе и посетила неколку од нив.

Стигнавме до врвот, и одеднаш паѓање од 43 метри, постигнувајќи брзина од речиси 105 километри на час.

Иако доживувањето ме наврати на спомените, посакав „ѕверот“ да го споредам со поновите ролеркостери. Ќерката ми се насмевна и ми сигнализираше дека нејзината оценка е - така-така.

Се упативме кон соседниот Diamondback, и сфатив зошто. Овој ролеркостер немаше страни, а падот создава чувство дека лебдите во воздух.

Ќерка ми се изненади, кога засрамено признав дека не се чувствував добро и дека ќе седнам додека не ги почувствувам нозете. Беше застрашувачки да се помисли дека во светот има од 1.500 до 2.000 слични вакви ролеркостери, а сопствениците на паркот бараат начини да го направат Diamondback уште повозбудлив.

И покрај високата технологија што овозможува поекстравагатно искуство, за „ѕверот“ се` уште има место во хиерархијата на постарите ролеркостери, коишто постојат да ја задоволат носталгијата на Американците.

Иако во голема мера САД се заслужни за глобалниот пораст на популарноста на забавните паркови, историчарите велат дека претходниците на ролеркостерите можат да се лоцираат во 17-от век во Русија, кои функционирале како лизгалки, а Катерина Велика имала неколку од нив.

Првиот ролеркостер на тркала бил направен во 1784-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG