Линкови за пристапност

Фатен и вториот затвореник


Дејвид Свет во критична состојба откако бил ранет и приведен од полицијата близу границата со Канада.

Дејвид Свет, еден од двајцата затвореници коишто избегаа од затвор во сојузната држава Њујорк со најстрого обезбедување, и натаму се наоѓа во болница, еден ден откако бил ранет и приведен од страна на полицијата близу границата со Канада. Од болницата соопштија дека Свет се наоѓа во критична состојба. Тој мина 23 дена во бегство, а беше фатен на 30-тина километри од канадската граница.

Другиот затвореник, Ричард Мет, смртно беше застрелан од полицијата во петокот.

Во потрагата по затворениците, осудени за две одвоени убиства, учествуваа преку 1.300 полицајци.

„Ноќната мора заврши“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

XS
SM
MD
LG