Стив Кинг, долгогодишен конгресмен од Ајова, кој беше симнат од власт по низа расистички и антиимигрански коментари, беше поразен на партиските примарни избори во вторникот.
Републиканските гласачи во руралната област на Ајова го соборија Кинг, кој го одржуваше своето место во Конгресот повеќе од 17 години.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден се приближи кон официјално обезбедување на претседателската номинација на националните избори во ноември
Сенаторот Ренди Фенстра го победи Кинг и сега е фаворит на изборите во ноември против демократот Ј.Д. Шолтен, кој тесно изгуби од Кинг во 2018 година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп ја поздрави победата на Фенстра, со порака на Твитер, „Честитки до Ренди Фенстра за големата победа на републиканските примарни избори во Ајова. Ќе бидете одличен конгресмен! “
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1268139884700721153
Републиканските лидери во Претставничкиот дом му ги одзедоа ингеренциите на Кинг, откако тој во интервју за „Њујорк Тајмс“ запраша како термините „бел националист, бел супремацист, западна цивилизација“ станале навредливи. Кинг долго време се противеше на недокументираните имигранти велејќи во 2016 година дека „културното самоубиство со демографска трансформација мора да заврши“.
Гласачите излегоа на гласање во осум држави на партиски избори во вторникот, со тоа што во четири држави се гласаше откако претходнобеа одложени изборите, поради ризиците од ширење на коронавирусот.
Гласањето, исто така, се случува во услови на голема невработеност во САД, поради пандемијата на коронавирусот и актуелните протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден се приближи кон официјално обезбедување на претседателската номинацијана националните избори на 3 ноември, откако во вторникот победи на неколку државни примарни избори. Бајден е претпоставен демократски претседателки кандидат откако неговиот последен голем противник, сенаторот Берни Сандерс, се откажа од изборната трка.
Facebook Forum