Линкови за пристапност

Генералот Кејн го поддржува ставот на претседателот за Иран


Десертификацијата на Нуклеарниот договор ао Иран од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, е обид за иницирање построги рестрикции за Техеран. Но, неговиот план, кој сега е префрлен кај Конгресот за да се одредат следните чекори, ја зголемува загриженоста за потенцијална критика, што би можело да резултира со дополнителна нуклеарна криза.

Со одлуката на Трамп дека Иран не се придржува до договорот, не значи и негово укинување. Во случајов, Конгресот би можел да ги обнови економски санкции спрема Иран, прекинати согласно договорот. Ако тоа се случи, оваа земја се закани дека ќе ја напушти спогодбата и ќе ги обнови активностите што би можеле да помогнат да дојде до нуклеарно оружје.

Пензионираниот генерал со четири ѕвездички, Џек Кејн, го поддржува чекорот на претседателот.

Кејн претходно беше прв избор на претседателот на функцијата секретар за одбрана. Тој вели дека стратешките цели на Иран се ширење на Исламската револуција низ Блискиот Исток, доминирајќи и имајќи контрола врз неа. „Притоа, САД да бидат протерани од регионот и да биде уништен Израел. Се залагаат за ова веќе 36 години“, вели генералот.

Антагонизмот меѓу САД и Иран трае со децении, додава Кејн.

„Ја нападнаа нашата амбасада во Либан, преку помошниците, како Хезболах. Ги нападнаа бараките на нашите маринци, нашата амбасада во Кувајт, неколку години потоа, на удар беа бараките во Саудиска Арабија. Беа во четигодишна кампања против нас во Ирак“, вели ова воено лице.

Иранците имаат продолжена рака во Сирија, тврди генералот Кејн. "Тие ја предводат војната во Сирија и така е со години. Башар Ал Асад ним им поднесува извештај, Русите го прават истото".

„Се` со цел – да се дојде до копнен мост од Иран, преку Ирак, Сирија, Либан и потоа до Медитеранот. Потоа, би имале моќ врз Израел, продолжувајќи да ги омаловажуваат сунитските држави каде сакаат да доминираат. Затоа ги користат своите помошници во напорите за уривање на владата во Јемен и тоа го сторија со Хутите", истакна Кејн.

Токму ова најмногу ги загрижува САД, а не нуклеарното оружје, вели поранешниот заменик-началник на Здружениот генералштаб.

Нуклеарниот договор има клаузула што е од корист за Иран.

„Само помислете дека САД влегоа во договорот со пет други земји, со главна цел за да се запре Иран да дојде до нуклеарно оружје. Но, самиот договор за 10 години ќе им го овозможи тоа, заради таа спогодба, тие можно е да појдат во таа насока“, смета Кејн.

Претседателот Трамп, заедно со американските сојузници во регионот, има намера да ги спречи натамошните активности од страна на Иран, заклучи генералот Џек Кејн.

(Автор: Јела де Франчески)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG