Линкови за пристапност

САД го бранат тајното собирање на телефонски податоци


Поглед од горе: зградата на Националната агенција за безбедност (НСА) во Форт Мид, сојузната држава Мериленд
Поглед од горе: зградата на Националната агенција за безбедност (НСА) во Форт Мид, сојузната држава Мериленд

По медиумските извештаи дека владата со судски налог побарала податоци за разговорите на милиони корисници на компанијата Верајзон.

Американската влада ја брани праксата на собирање на масовни количини на информации за телефонските разговори, откако се појавија новински извештаи дека Националната агенција за безбедност (НСА) прибира податоци за милиони Америкаци.

Седиштето на Верајзон во Менхетен, Њујорк
Седиштето на Верајзон во Менхетен, Њујорк
Говорејќи под услов да остане анонимен, виш владин претставник кажа дека праксата е „клучно средство во заштитата на нацијата од терористичките закани“. Истиот извор наведува дека праксата овозможува контраразузнувачкиот персонал да открие дали потврдените или пак осомничени терористи имале контакт со лица кои можеби се вклучени во терористички дејствија.

Британскиот весник Гардијан денес објави таен судски налог,

Што содржи судскиот налог:

  • Налага Верајзон да даде детални податоци за телефонските разговори, на дневна база, се` до 19-ти јули 2013-та;
  • Деталите вклучуваат телефонски број, број на телефонската картичка, времето кога е направен повикот и неговата должината
  • Податоци не ја вклучуваат суштинска содржина на разговорот
  • Се однесува на разговори направени во САД и разговори меѓу САД и странство
  • Не се однесува на разговори во кој обете страни се во странство.

    Извор: http://www.guardian.co.uk/world/interactive/2013/jun/06/verizon-telephone-data-court-order
издаден во април годинава, што и` дозволува на НСА да собира податоци. Налогот, навидум, бара од филијала на телефонската компанија Верајзон да ги предава на дневна база податоците за сите телефонски разговори, и оние направени внатре во САД, и оние меѓу САД и други земји. На прв поглед, налогот не ја обврзува Верајзон да дава информации за содржината на разговорите.

Праксата предизвика критика од организациите за јавна политика и граѓански права кои се противат на широките овластувања за набљудување дадени со законот.

Џим Харпер, кој во Институтот КАТО од Вашингтон раководи со студиите за политика на информациите, за Гласот на Америка на македонски коментираше дека широкото собирање на телефонски податоци како контратерористичка мерка - ќе потфрли.

„Оваа програма е дел од една претерана реакција на тероризмот. Во суштина, нема ефикасно да открие тероризам, туку на крајот ќе бидеме сведоци на употреба што е значитечно штетна по Четвртиот амандман на Уставот, приватноста на сите нас, американските граѓани кои го почитуваат законот“, коментираше Харпер.

Џами Џафер, заменик-директорот на Американската унија за граѓански слободи изјави дека праксата не може да биде поалармантна, како и дека недолжни луѓе биле ставени под постојано набљудување од страна на владата.

Претставници на Верајзон немаа коментар за собирањето на телефонски податоци.

Според медиумските извештаи, судскиот налог потпаѓа под одделот број 215 на контроверзниот закон за домашно набљудување, познат под името Патриотски акт. Овој оддел им олеснува на американските разузнавачки агенции да добијат - „деловни податоци“.

Елизабет Гојтејн, која е една од раководителките на Центарот Бренан за правда при Катедрата по право на Универзитетот Њујорк, во изјавата за Гласот на Америка ја критикуваше владината интерпретација на Патриотскиот акт.

„Шокира, но би требало да кажам дека и не е за изненадување, бидејќи со години знаевме дека владата има тајна интерпретација на таканареченат одредба за деловни податоци во Патриотскиот акт. Знаеме за ова, затоа што сенаторите кои имаат пристап до доверливи информации во комисиите за разузнавање го велат тоа“, вели Гојтејн.

Поранешниот потпретседател Ал Гор за најновиот случај реагираше преку Твитер: „Во дигиталната ера, приватноста мора да биде приоритет. Дали само јас сметам дека тајното општо набљудување е невидено безобѕирно?“.

Патриотскиот акт стана закон кусо време по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, јакнејќи ја моќта на агенциите за спроведување на законот во следењето на осомничените за тероризам.

Во 2011-та, претседателот Барак Обама потпиша четиригодишно продолжување на клучните одредби на законот, меѓу кои и оние што им овозможуваат на властите да вршат електронско прислушкување, со судски налог одобрени пребарувања на деловни податоци и следење на странски лица кои можеби самостојно планираат напади.

Владата на Обама неодамна се најде на удар на критики откако беше откриено дека Одделот за правда тајно дошол до податоци за телефонските разговори во новинската агенција Асошиетед прес во врска со случајот на протекување на доверливи информации.
XS
SM
MD
LG